Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, власта е уортачена со криминалот, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
119

Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност.

Оливер Спасовски додека е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава.

Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.

Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта.

Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава.

извор: ВМРО ДПМНЕ