Ѓукановиќ и сопругата на Твитер добиле закани по живот

Црногорското Основно државно обвинителство (ОДТ) соопшти дека наредило да се провери кој на Твитер упатил смртни закани до претседателот Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија.

Претходно, црногорските медиуми објавија скриншот од кој се гледаат заканите упатени до Ѓукановиќ и неговата сопруга од профил на Твитер под име Борис Јанковиќ.

На налогот на Твитер пишува дека „ќе осамне денот за одмазда и реваншизам“ и дека Ѓукановиќ „ќе види кого сакал да учи да ја почитува Црна Гора“, правејќи паралела со смртта на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петачи.

Од истиот профил упатени се закани и до пратеници на Социјалдемократската партија и до кандидатката за претседател на Црна Гора, Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ, која ги пријавила во полиција. Нејзе од истиот профил и се закануваат со физички напад „поради злобните изјави за српскиот народ“.

Фото: