На денешен ден роден е големиот македонски актер Коле Ангеловски

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал глумецство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски уште во раното детство – како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Поши

Како глумец, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги – било да станува збор за теми од современиот живот – “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” – или пак теми од блиската или подалечната историја – “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот”

Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.

На филмската сцена, како глумец, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад глумец, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Коле Ангеловски — македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија