(ВИДЕО) Африка се дели на два дела, се формира нов океан?

Африка се дели на два дела, а се раѓа нов океан, тврдат научниците. Според истражувањето објавено во списанието Geophysical Research Letters, два големи делови од континентот се одвојуваат, а тоа на крајот може да доведе до формирање на нов океан. Иако процесот ќе трае милиони години, овој процес ќе ја одвои денешна Сомалија и делови од Кенија, Етиопија и Танзанија од остатокот на континентот.

Станува збор за процес наречен „рифтинг“, кој, според Science Direct, всушност претставува „кинење на една тектонска плоча на две или повеќе плочи кои се одделени со дивергентни граници на плочите“.

Нискиот регион наречен „Рифт долина“ еруптира каде што се поместуваат тектонските плочи на Земјата. Овие пукнатини можат да се појават на копно, како и на дното на океанот.

видео: youtube Africa Infohub