„Иницијативата „Отворен Балкан“, тоа е иницијатива која што сме ја коментирале во минатото, ние немаме информации за суштината на таа иницијатива, но тоа не смее никако да биде замена за полноправно членство на нашата држава, на Македонија во рамките на ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Охрид.
Мицкоски додаде дека иницијатива „Отворен Балкан“ никако не смее да биде и не треба да биде замена за полноправно членство на Македонија во рамките на ЕУ
„Секоја регионална иницијатива која што значи подобрување на квалитетот на животот, на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е тука да ја поддржи. Дали е оваа таква иницијатива, не знаеме бидејќи немаме никакви буквално никакви досега информации. Ниту пак мислам дека јавноста знае нешто поврзано со оваа иницијатива, бидејќи ако е брза размена на капитал, на стоки, на услуги, на луѓе итн. помеѓу овие држави кои што се дел од оваа иницијатива, има да речеме две држави да речеме кои што помеѓу себе не знам како граничат. Еве да речеме Србија и Албанија, како помеѓу себе граничат имајќи во предвид дека тука има друг спор кој што мислам дека денеска тука во Охрид се случуваат разговори поврзани со тој спор, а тоа е косовското прашање. Така што има многу вака работи кои што јавноста не ги знае, кои што се поврзани со оваа иницијатива „Отворен Балкан“. Но тоа никако не смее да биде и не треба да биде замена за полноправно членство на Македонија во рамките на ЕУ“, нагласи Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ