Ако се погледнат бројките и трендовите и растот на минималната плата, убеден сум дека за покривање на минималната синдикална кошничка за март ќе ни требаат под две минимални плати“ рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
-Ако во 2012 година требале 3,9 минимални плати, во 2013 и 2014 четири минимални плати, од 2017 до денес имаме само надолен тренд – рече Бектеши.
На прес-конференцијата министерот кажа дека ССМ од август минатата година, двојно ја пресметува инфлацијата во пресметката за минималната синдикална кошничка.
-Во пресметката за минималната синдикална кошничка до август минатата година има седум елементи и на тоа се повикуваме ние во делот на креирање на политики, а и медиумите се повикуваа на тие информации. Во секој елемент од јануари до јули има зголемување на цените и износот во сите седум елементи, односно инфлација. Но од осмиот месец инфлацијата се пресметува два пати – рече Бектеши.
Тој додаде дека од август минатата година во минималната синдикална кошничка инфлацијата, односно поскапувањата се пресметуваат во секој елемент поединечно, каде што има покачување на цените, но и како поединечен елемент за трошоци за живот, односно инфлација.