Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија.
Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан.
Земјотресот бил почувствуван низ државата три часа по полноќ, a засега нема информации за евентуална материјална штета.
fokus.mk