Уште еден наставник фатен со дрога,54 годишен прилепчанец кој работел во основно училиште

Битолската полиција вечерва го привела 54 годишниот В. А. од Прилеп, наставник во основно училиште.

Кај него е пронајдена бела грутчеста материја.

Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Пред неколку дена во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога.

извор: МВР