Сирија и Саудиска Арабија ги обновуваат дипломатските односи по 12 години

Сирија и Саудиска Арабија ги обновуваат дипломатските односи по 12 години. Сирија и Саудиска Арабија се договорија повторно да ги отворат своите амбасади. Посредник за нормализирањето на односите е НР Кина.
Дипломатските претставништва беа затворени по почетокот на граѓанската конфронтација во Сирија во 2011 година, кога Саудиска Арабија, заедно со другите земји од Персискиот Залив, ги прекинаа односите со официјален Дамаск.
Нормализирањето на односите помеѓу Сирија и Саудиска Арабија не би било можно без напорите на Русија, Турција и Иран за стабилизирање на ситуацијата во Сирија, како и посредничките напори на Кина за нормализирање на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

извор: ФБ Дарко Тодоровски