(ВИДЕО) Големо невреме беснее низ Перу, најмалку 60 жртви

Според проценката на перуанската влада, поплавите предизвикани од циклонот Јаку во последните денови предизвика штета од најмалку 323 милиони долари на згради, првенствено домови, училишта и патишта во централните и северните делови на земјата.

Перуанскиот министер за економија Алекс Контрерас рече дека при реконструкцијата приоритет ќе има патната инфраструктура, а финансиска помош ќе добијат и малите претприемачи.

Временските промени предизвикани од ефектот Ел Нињо се закануваат да ја продолжат сезоната на дождови во Перу, што би можело да ги зачести циклоните како Јаку.

Од почетокот на оваа сезона на дождови на крајот на минатата година, најмалку 60 луѓе ги загубија животите во поплавите во оваа земја на Андите.

https://www.youtube.com/watch?v=5vu9fnm5N-s

 

vesnik.mk