(ВИДЕО) Главниот преговарач на Косово со Србија активисти го гаѓаа со торта

Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС) фрлаа чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со Белград, Бесник Бислими.

На социјалните мрежи е објавено видео од нападот на кое се гледаат активисти како фрлаат парчиња торта на Бислими пред влезот на зградата додека извикуваат „честитки за заедницата на српските општини“.

Торта и милкшејк за заедницата. Тие што го прифатија се радуваат! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, порачаа активистите.

 

видео: TWITTER Ekrem H. Krasniqi