Туркије денес најостро го осуди подлиот напад на муслиманската света книга Куран и турското знаме во Данска, известува Анадолу.
Турското МНР го нарече злосторство од омраза инцидентот што се случи во петокот вечерта, наведувајќи дека Анкара никогаш нема да прифати такви „подли настани да бидат прифатени како дело под закрила на слободата на изразување“.
Министерството за надворешни работи на Туркије ги повика данските власти да преземат мерки против извршителите на злосторството од омраза, како и да преземат конкретни мерки за спречување на понатамошните провокации кои го загрозуваат општествениот мир и соживот.