Плусинфо.мк: Грчките сопственици на ОНЕ со години незаконски го следеле спроведувањето на судските наредби за ПИ мерки и можеле да прислушуваат без никој да знае за тоа!

Државата и нејзините највисоки институции, додека на власт беше ВМРО ДПМНЕ, во периодот пред да се решава прашањето за името, повеќе години биле предмет на следење и документирање од страна на грчките сопственици на вториот мобилен оператор во Македонија, анализира „Plusinfo.mk“.

Двајца вработени во операторот, на високи позиции во тоа време, вчера, под заклетва, пред судот сведочеа дека компанијата, без да ги информира надлежното Јавно обвинителство, МВР или судот и без да побара согласност од нив, подготвила програма којашто ја инсталирала во централата и преку таа програма на дневно ниво ги ваделе сите наредби за посебни истражни мерки коишто се издавале преку судот и обвинителството до УБК. Ова без разлика дали станувало збор за следење телефонски комуникации на лица осомничени за тероризам, за трговија со наркотици или за економски криминал.

Со тоа, компанијата и нејзините сопственици, преку вработените кои помагале во процесот, точно знаеле од кого е загрозена државата, против кого има мерки и истрага и кога евентуално тие мерки се прекинувале, пишува„Plusinfo.mk“.

Текстот во целост на: „Plusinfo.mk“