Бектеши: Од 1 јули се враќа евтината тарифа преку ден, има вишок произведена струја

0
173

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

фото: Влада