(ФОТО) Одземена бесправно посечена дрвна маса

На ден 08.03.2023 година од страна на реонските шумочувари на м.в. Чука и село Осој, оддел 32 во Шумско стопанската единица Дреново, затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво со коњи.
Од страна на шумочуварите и на ден 29.03.2023 година на м.в.Црн Камен, Шумско стопанска единица Фрлогоец, оддел 56, затекнати се лица како бесправно сечат, дотураат и пренесуваат дабово огревно дрво.
По извршената контрола констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча истите се одземени и пренесени во складот на Подружницата Лопушник во Кичево, а против лицата затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Да ги сочуваме нашите шуми затоа што Природата не простува, таа казнува