Коалицијата Левица, СДС и ДУИ на вчерашната седница на Советот на Град Скопје здружно ги гласаа точките од дневниот ред кои се однесуваат на претпријатијата кои тие ги раководат. Овие 20 точки кои тие ги изгласаа предвидуваат пари за јавните претпријатија како Водовод и канализација, Паркови и зеленило, Дрисла, Паркинзи на град Скопје и други со кои им се овозможуваат народни средства, преку кои ќе се вршат нови вработувања во институциите, нови бизнис тендери и уредување на земјишта во сопственост на Градот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Прикриено преку инвестициските програми, со гласовите на коалицијата Левица, СДС, ДУИ на нивните директори им се даваат народни пари со кои ќе си тераат бизниси и партиски агенди. Оваа коалиција даде зелено светло за „бизнис програмите“ што им отвора пат за низа сомнителни тендери, за многу корупција и криминал. Тие и дадоа гласови во Совет на Арсовска, таа на нив им даде можност за тендери.
Градот Скопје на чело со Данела Арсовска поддржана од коалицијата Левица, СДС, ДУИ го доведоа до целосен хаос и нефункционалност. Народните пари се трошат, проекти нема, граѓаните имаат се повеќе и повеќе проблеми. Оваа коалиција на бизнис интереси го води Градот кон целосен колапс.
извор: ВМРО ДПМНЕ