(ВИДЕО) Во Клиника Жан Митрев успешно направена операција кај млад пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето

Во Клиника Жан Митрев успешно опериран 31-от пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето. Клиниката ја објави оваа вест на својот официјален ФБ профил. Во објавата од Клиниката пишуваат:

Успешно опериран 31-от пациент кај кој беше вградена механичка циркулаторна потпора на срцето.
Срцева слабост или како што уште се нарекува слабо срце – е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање.
Таков беше случајот и со нашиот последен пациент на кој во нашата болница му беше спроведен оперативен зафат познат и како ,,механичко срце,, за решавање на левокоморна хронична срцева слабост.

„Оваа операција е потребна за пациентите кои се соочуваат со срцева слабост што е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање. Честа е и кај помлади пациенти, но со овој метод и овој оперативен зафат тие може да продолжат да живеат. Заради зачестеноста на ова заболување, оперативниот зафат со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето е често практикуван метод и засега е единствено долгорочно решение што овозможува продолжување на животот за тешко болните пациенти“, истакна д-р Митрев.

Овој оперативен зафат е еден од покомплексните. Во Клиниката Жан Митрев се спроведува веќе 6 години, при што досега се направени  над 20 вакви интервенции.

извор и фото: Клиника Жан Митрев