Возач со „хјундаи“ излетал од коловозот, па удрил во ограда

0
103

На 01.04.2023 во 01.30 часот на ул.„1“ во село Булачани, скопско, А.А.(22) од Скопје, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, излегол од коловозот и удрил во ограда. Во несреќата А.А. се здобил со телесни повреди, а неговиот сопатник К.М.(24) од Скопје со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

press24.mk