Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо ќе го бодрат ФК Вардар

Две знамиња со имињата на Мала Преспа и Голо Брдо во боите на Вардар. Во соработка со единствената партија на Македонците во Албанија,Македонска алијанса за европска интеграција знамињата се предадени на Македонци со потекло од Мала Преспа и Голо Брдо кои што живеат и студираат во Скопје, Македонија и ќе ги носат со себе на сите натпревари каде што ќе играат фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар.

Членови на навивачката група “Комити”, знамињата им ги предадоа на активисти на МАЕИ предводени од членот на Извршниот комитет на МАЕИ, Јани Колефски и заедно се дружеа и навиваа за фудбалскиот клуб Вардар.

извор: makedonium.net