Панди Јани официјално кандидат на „Обединетата опозиција“ за градоначалник на Општина Пустец

0
155

Почитувани браќа и сестри Македонци

Ми претставува особена чес и задоволство да ве информирам дека и официјално сум кандидат на „Обединетата опозиција“ за градоначалник на општина Пустец. Дозволете најпрвин за мојот избор и поддршка да се заблагодарам на мојата матична партија „Партија на слободата“ како и на целата обединета опозиција, искрена благодарнаст до сите мои подржувачи, членови и симпатизери на каузата за подобар живот во Албанија.

Велат дека иднината им припаѓа на младидте, а јас токму како млад имам јасна визија за општина Пустец. Ветувам дека општина Пустец по мојата победа ќе добие нов лик и ќе стане потобро место за живеење, се со цел да оставиме нешто добро и убаво за младите и идните поколенија.

Во периодот кој што следи, ќе има официјална моја промоција и објавување на пакет програмата со сите проекти кои ќе бидат реализирани во текот на мојот мандат како градоначалник на општината. Ветувам, чиста и модерна Општина Пустец, која ќе биде вистински туристички центар. – стои во објавата на Панди Јани, кандидат за градоначалник на општина Пустец.

 

vesnik-ilinden.com