Која е Милена Милатовиќ, новата прва дама на Црна Гора, му роди три деца на Јаков

0
209

Милатовиќ е големото изненадување на овие избори и додека се знае и пишува за неговиот политички живот, нема многу информации за неговиот приватен живот. Уште во првиот круг, па и денеска вниманието на медиумите го привлече неговата сопруга Милена.

 

Милена на Јаков му ги роди трите деца Сара, Ана и Давид.

 

Милатовиќ не е често виден со семејството во јавноста. Но, во периодот кога беше министер во владата на поранешниот премиер на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, беше фотографиран со сопругата и децата на јавен настан на крајот на 2021 година.

Сопругата на Јаков Милатовиќ, претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Милена Милатовиќ, претходно денеска изјави дека очекува сигурна победа и верува дека на тоа се надеваат сите граѓани на Црна Гора.

 

„Верувам дека за секој од нас стандардот на живеење е она што сме заинтересирани да го слушнеме од сите политичари, па верувам дека заедно со неговите лични карактеристики и вредностите што ги негува, граѓаните ќе одлучат да гласаат за Јаков денеска“, рече Милатовиќ.одговарајќи на прашањето дали зголемувањето на животниот стандард во претходниот период што се случи за време на владата во која министер беше нејзиниот сопруг е нешто што ќе одлучи граѓаните да гласаат за него.

 

На прашањето дали сега очекува прослава вечерва во седиштето на Движењето Европа, Милатовиќ одговори дека прославата се очекува низ цела Црна Гора.

 

„Само се надевам дека ќе биде убаво и демократски мирно, како што ни доликува“, рече Милатовиќ пред да гласа со сопругот Јаков на избирачкото место во Спортско-културниот центар на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица.

Милена е вработена во црногорскиот електропреносен систем, каде што е директор на Секторот за финансии и економски прашања, а на тековната сметка има нешто повеќе од 3.000 евра.

 

Одредени медиуми пишуваа дека во 2021 година, кога Јаков Милатовиќ бил министер, неговата сопруга добила директорска функција во таа државна компанија.

 

Имено, Милена Милатовиќ како директор го замени Јован Гошовиќ, наводно пријател на Јаков Милатовиќ, за кој се тврди и дека е во кумски односи.

 

telegraf.rs