(ФОТО) Спроведена акција за одземање на бесправно посечена дрвна маса

0
229
На ден 30.03.2023 година е спроведената акција за одземање на бесправно посечена дрвна маса во Шумско стопанската единица Губенек-Паруца, оддел 64а, кај место викано Лениска река, во близина на село Митрашинци, со која стопанисува Подружницата Малешево од Берово.
🌿Во акцијата учествуваа вработените од Подружницата, а бесправно посечената дрвна маса е откриена со помош на дрон, притоа е одземена количина на огревно дрво од 10,50м3, како и 3м3 техничка дрвна маса.
🌱Одземената дрвна маса е донесена во складот на Подружница Малешево.