(ФОТО) Таблата од бугарскиот клуб во Битола премачкана со црна боја

0
168

По реакциите дека не е отстранета таблата со името на Ванчо Михајлов од бугарскиот клуб во Битола, а здружението е згаснато, денеска со црна боја беше премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“. На улицата Рузвелтова каде е сместен клубот остана само една од двете табли која го носи името на Здружението – „Културен центар Иван Михајлов“ Битола.

Промената очигледно настана по денешното судско рочиште против претседателот на клубот Љупчо Ѓоргиев кога се запре прекршочната постапка, зашто е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Денеска по судското рочиште, Весна Бендевска од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, соопшти дека бугарското здружение во Битола се водело на адреса во периферијата на градот, а не во центарот каде имаат отворено канцеларии. Таа рече дека еден од натписите (оној што сега е пребоен со црно) не се совпаѓа со името на здружението – Клуб Иван Михајлов.

Бугарското здружението во Битола пред две недели беше избришано од Централниот регистар зашто не направи промени според измените од Законот за здруженија и фондации. Но, таблите со името Ванчо Михајлов останаа до денес. Очигледно, под притисок на јавноста едната е премачкани со боја за да не се чита.

 

sdk.mk