Уапсен сопругот на поранешната прва министерка на Шкотска

0
141

Сопругот на поранешната прва министерка и лидерка на Шкотската национална партија(СНП), Никола Старџен, е уапсен во врска со истрага за финансирање на СНП, соопшти шкотската полиција.

Еден 58-годишен маж денеска, среда, 5 април 2023 година, е уапсен како осомничен во врска со тековна истрага за финансирање на Шкотската национална партија. Мажот е во притвор и е испрашуван од детективите на шкотската полиција, се вели во полициското соопштение.

Полицијата додава дека во рамките на истрагата се вршат и претреси на повеќе адреси.