Додека обичниот работник не смее да мрдне од своето работно место во тек на работно време, вработените кои се членови на СДСМ привилигираано смеат да учествуваат на партиски митинзи и кампањи без да сносат никаква одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина.
По повод ваквите активности граѓаните оправдано си поставуваат прашања :
Дали ние ќе ги финансираме нивните партиски кампањи?
Кој ќе се грижи за нашата услуга додека вработените се во партиските штабови на снимање?
Каков пример се за останатите колеги овие привилегирани вработени и функционери кога под заштита на партијата можат кога сакаат да излезат од работното место.
Левица нема да има толеранција на ваквите девијантни дејствија во општеството од страна на функционери кои наместо да се грижат за услугите на граѓаните,во очај ги користат сите ресурси на државата за себепромоција.