Еден месец од киднапираниот Самоил, сеуште нема трага од него

0
161

Веќе еден месец нема ниту трага од 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Дали некој го бара или се ќе се заврши со притворањето на двајцата осомничени кој молчат и тврдат дека не знаат каде е Самоил иако последен пат е виден заедно со нив во автомобил, по што му се губи секаква трага.

Според информациите приведените го собрале Самоил во Припор и полицијата успеала да ги идентификува преку безбедносните камери. Тие од местото со Самоил во автомобилот заминале во правец на центарот на градот но потоа им се губи трагот. Таткото на Самоил смета дека тие имаат повеќе информации отколку што споделуваат. И прашува дали некој воопшто го бара неговиот син или се ќе остане на апсењето на двајца кои молчат.

Осомничените, се на возраст од 30 и 25 години и се наоѓаат во притвор бидејќи обвинителството сметаше дека може да избегаат или да влијаат на сведоци додека трае истрагата.

 

a1on.mk