Поради неконтролирани кражби Грчец остана без електрична енергија

0
135

Скопското село Грчец поради сериозен дефект во мрежата вече два дена нема електрична енергија. Од ЕВН потврдија дека дефектите се појавуваат поради кражбите на струја од локалното население.

Дефектите не можат да се санираат поради тоа што никој не им гарантира на екипите дека безопасно ќе можат да влезат и да работат на терен. Пренесуваат дека мрежата не може да се реконструира, бидејќи се спречени да работат.

„Во село Грчец, вчера околу 8 часот наутро настана дефект поради што снабдувањето со електрична енергија е се уште во прекин. Овој дефект е последица на контуинирано неовластено и неконтролирано користење на електрична енергија од страна на мештаните. Трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.

Екипите на Електродистрибуција при отстранување на дефекти и вршење на технички активности во ова село, се спречуваат од страна на жителите и често се соочуваат со вербални и физички напади. Со ова, во целост се нарушува нормалното функционирање и работење. Поконкретно, невозможно е да се санираат дефекти се додека на вработените на терен им е спречен пристапот до самите енергетски објекти и немаат нормални услови за работа“, гласи информацијата на ЕВН.

faktor.mk