Бесими се сретна со вработените во култура, но нема повисоки плати

Нема зголемување на платите на вработените во културата и покрај протестите.

Тие на 7 април имаа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но тој не го прифати барањето за зголемување на платите. Бесими на средба ги прими претставниците на УПОЗ и министерката за култура, но не го прифати барањето да се склучи нов Колективен договор со кој платите ќе им се зголемат за 30 проценти.

Вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм протестираа три недели оти зимале потпросечни плати. Пред да се сретнат со министерот денеска протестираа пред Владата.

 

Радио Слободна Европа