Скопјанец со воздушна пушка му го застрелал кучето на соседот

0
166

Со воздушна пушка застрелано домашно куче во Бразда.

– На 07.04.2023 во 07.30 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Бразда, скопско, пријавил дека на 06.04.2023 околу 19.30 часот во селото, едно лице со воздушна пушка го застрелало неговото куче – домашен миленик, кое подоцна починало, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

фото: Архива