Фондот за ПИОМ за некого мајка, за некого маќеа.. Се прекршуваат ли правата на ангажираните со договор на дело?

До редакцијата на NEWS1.Mk стигна допис од наш читател во кој тој објаснува што се случува во фондот на ФИОМ. Во продолжение писмото го пренесуваме во целост:

Државниот завод за ревизија откри дека има околу седумдесет вработени на кои не им е решен статусот, односно вработени се со договор на дело. Лицата со договор на дело, кои работат во фондот, не добиваат соодветен третман на своите права како и останатите вработени. Оваа група работници добиваат приближно минимална плата согласно растот на минималната плата, не им се плаќаат придонесите за ПИО и здраствено осигурување, немаат право на одмор ,како и други права кои му следуваат како и нивните колеги, со што практично иако работаат во институција која се грижи за права на пензиско и инвалидско осигурување овие вработени се надвор од системот, што значи дека иако имаат исти и дупло обврски, за нив институцијата ПИОМ е маќеа.
Договорите се прекинуваат во зависност од потребата, за да не може законски да се трансферира работниот однос, но и како се менуваат директорите кои доаѓаат од различни политички партии така и се прекинуваат договорите и се примаат нови, на штета на ангажираните со договор на дело кои се повеќе години во интитуцијата, кои макотрпно работат и се посветени на нивниот ангажман во институцијата.
Ова е сериозно кршење на законите и прописите, што бара итно превземање на мерки за да се надмини ситуацијата. На пример, Инспекцијата за труд и Управниот одбор на ПИОМ може да ги истражат работните услови на лицата со договор на дело и да провери дали фондот ги исполнува своите законски обврски за плаќање на придонесите за ПИО. Ова е многу важна работа, бидејќи правата на работниците мора да бидат заштитени, независно од нивниот статус во институцијата. Треба да се преземат мерки за регулирање на статусот на лицата со договор на дело и обезбедување на соодветен третман на нивните права, како и исполнување на законските обврски на фондот за плаќање на придонесите за ПИО како и здраствено осигурување на сите овие вработени.
Исто така може да се заклучи дека товарот на работа за комплетирање на стажеви и решавање на предмети, односно донесување на решенија за пензии паѓа на товар на оваа категорија на работници ангажирани во ПИОМ во сите градови на договор на дело, со оглед дека нема нови огласи за местата кои се испразнуваат преку пензионирања, и тие огласи кои се јавуваат се за ПИОМ во главниот град, со што останатите градовите имаат недостиг на кадар и се соочуваат со проблеми во секојдневното работење.

Рекацијата на NEWS 1.mk не одговара за изнесените ставови. Ние само го пренесуваме дописот во целост на граѓанин кој го испрати во нашата редакција.