Партијата #Левица одлучно и со индигнација ја одбива поканата за учество во т.н. работните групи за најавената повторна насилна промена на Уставот, велат од Партијата.
Во продолжение ја пренесуваме објавата од партијата во целост:
❌ Ултиматумот на бугарските служби и агендата на Софиската платформа која ја поткрепува пробугарската власт на ДУИ и СДС, не ја прифаќаме и истата мора да биде остро одбиена од сите релевантни политички чинители на кои државните интереси им се од највисок приоритет.
✅ Спротиставувањето на ова потчинување пред соседните апетити претставува антифашистички чин, независно од сите лаги за европска извесност која квислиншката власт лажно ја ветува.
🚩 Затоа, повеќе од било кога, потребна е одбрана на државата и македонските национални интереси. Во нивна одбрана Левица ако треба ќе застане и сама.
Отварањето на Уставот е ПРЕДАВСТВО!
извор: ФБ Левица