Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе за регионалната депонија за отпад

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Одлуката на Министерството следува откако Општината и градоначалникот не ја прифатија предвидената локација на која треба да се изгради регионалната депонија, објави Мета.мк.

Живка Михајлова координатор на проектот од Источно планскиот регион, во којашто учествуваат 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион, за МИА вели дека со одлуката на Министерството продолжува постапката за ставање во функција на претпријатието, избор на директор, вработени и со тоа имплементација на проектот.

„Ингеренциите на Општина Свети Николе во поглед на одлуки поврзани со регионалната депонија се одземени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на оваа постапка Свети Николе таму не донесува одлуки, во нивно име донесува Министерството, а сите други општини нормално си ги донесуваат одлуките како што налага целиот процес. Таа локација не беше избрана туку така, туку беше правена цела студија за изводливост, па така таа се прифати“, вели Михајлова.

Текстот во целост: Мета.мк

фото: Мета.мк