(ВИДЕО) Тони Михајловски: Златна Бубамара е моја идеја, Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја, отворено во „Бомбакис поткаст“

Тони Михајловски, македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец е вечерашен гостин во „Бомбакис поткаст“ на Кристијан Станковски. Водителот и „стенд ап“ комичарот за првпат во неговата кариера гостува во поткаст, во кој открива ексклузивни детали за создавањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Михајловски тврди дека оваа манифестација е негова идеја, а Ранко Петровиќ го нарече „лопов“.

„Јас ја смислив Златна Бубамара на популарноста. Мене ми се роди идеја, каде што ќе се сублимираат сите наградни манифестации на едно место, сето ова да биде од забавен карактер, а водителот да биде „стенд ап“ мајстор. Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за којшто имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна. Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја. Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски во вечерашното гостување во „Бомбакис поткаст“.

Михајловски во гостувањето во „Бомбакис поткаст“ открива дали некогаш би се вратил во политиката, а говори и за неговите планови и новитети кои ги започнал со маестро Игор Џамбазов.

За родното Куманово, неговите универзитетски денови, работата и борбата за живот, шоуто „Опуштено“, „Идол“ и политичкиот живот, па се до неговите сегашни и идни планови, разговара со Станковски, во новата епизода од „Бомбакис поткаст“.

 

press24.mk