Левица: За Бехтел и Енка не важат закони, Левица ќе даде се’ од себе да ве спречи!

Процедурално обраќање на пратеникот Борислав КРМОВ на денешната собраниска седница.
⚠️
„За компанијата „Бехтел и Енка” го свртуваме целиот правен систем на глава и за нив не важат никакви закони – тие можат да газат преку шуми, преку земјоделски земјишта, преку археолошки наоѓалишта, ќе кршат работники права. Што сакаат ќе прават, само за да се избутка овој криминал од милијарда и 700 милиони евра!
Затоа Левица ќе даде сѐ од себе за да ги спречи овие закони!”