СДС се уште молчи зошто во стечај турка едно претпријатие во државна сопственост како ЕЛЕМ ТУРС, без работа остава околу двесте вработени, за да отвори две нови фирми ќерки на државниот ЕЛЕМ со иста дејност, давајќи ги на блиски лица?
Единственото државно претпријатие ЕЛЕМ водено од СДС, го затвора, става во стечај ЕЛЕМ ТУРС, како непродуктивно и создавач на долгови, а истовремено отвора две исти фирми ќерки со иста дејност – туризам и угостителство, со поделба на хотелите и туристички капацитети на Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Како е можно ЕЛЕМ ТУРС да се затвора како непродуктивно, а истовремено за една од двете нови фирми, Ски Центар Попова Шапка, да се најавува стратешка инвестиција и долготрајна концесија? Уште повеќе, прв човек на новата фирма за која е најавена инвестиција, е токму досегашниот директор на турнатата фирма во стечај, Адем Авзиу? Како сега ќе знае да работи рентабилно со новата фирма, а не знаел со ЕЛЕМ ТУРС?
Значи СДС го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а на директор на ЕЛЕМ ТУРС му отвора нова фирма со имот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу кадар на ДУИ!
Втората фирма – ЕСМ Молика е оставена на Миле Вељановски, сопартиец, личен пријател, семеен другар и шофер на Васко Ковачевски!
Внимавајте, шоферот на Васко Ковачевски, добива и ќе водел државна фирма за угостителство и туризам, со капацитети во Дојран, Охрид, Струга, државната фирма ЕСМ Молика!?
И уште еднаш:
СДС го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а отвора две фирми, за директорот на ЕЛЕМ ТУРС, кадар на ДУИ и за шоферот на Васко Ковачевски, сопартиец и другар од СДС Битола!
Почитувани,
Едно од најважните прашања е зошто при поделбата на двете фирми, 200 веќе вработени лица од ЕЛЕМ ТУРС не се преземаат во новите фирми, туку или се избркани од работа, или им се нуди времено вработување по системот – земи или остави?
Почитувани, целта е јасна.
По теркот на мрачната транзиција, се турка стечај, наводна нерентабилност на државна фирма, се приграбува имот, се бркаат 200 вработени, останува неисплатен долг на доверители од околу 150 милиони денари.
Но, се добиваат две фирми, хотели, туристички капацитети, на Шапка, Маврово, Дојран, Охрид, Струга се добиваат инвестиции, и можности за партизација, огласи за вработувања, и секако можност за приватизација на државен имот!
СДС не може да излезе од матрицата на мрачната транзиција, уништување и грабање, од шемата на лаги и партизација.
Само избори се спасот!
извор: ВМРО ДПМНЕ