Доколку не се усвојат предлог законските измени во Собрание кои се однесуваат на олеснувањето на работите за четирите автопати од коридорот 8 и 10Д, градежните работи ќе траат подолго и проектот ќе чини поскапо. Вака истакна првиот вицепремиер Артан Груби на брифинг со новинарите. Груби кој е и координатор з мониторинг на работите и активностите на проектите, рече дека не се знае колку може да чинат евентуалните доцнења.
„Или ќе биде пократко и поевтино или ќе трае подолго и поскапо. Не можеме да кажеме колку би била сумата за проектот доколку се продолжи рокот од 4,7 години. Доколку нема доволно работна сила, ќе се увезе од надвор и никој нема да ги принудува нашите работници да работат“, вели Груби.
Камен темелникот на коридорот 10Д ќе се постави по 1 мај, или поточно на 12 мај, а локацијата се уште не се знае. Според Груби, договорот со Бехтел и Енка за коридорот 8 и 10Д не може да биде јавен бидејќи е класифициран како таен бизнис и на барање на компанијата договорот не се објавува.
„Владата нема да го стави на располагање на јавноста овој договор за изградба на коридорите бидејќи е доверлив и ова не е прв ваков договор потпишан во Македонија“, додава Груби.
tv21