Нилските коњи на Пабло Ескобар неконтролирано се множат, Колумбија издвојува 3,5милиони долари за нивно отстранување

0
254

Нилски Коњ што му припаѓал на поранешниот наркобос Пабло Ескобар загинал откако бил удрен од автомобил, соопштија денеска колумбиските власти.

Тие навеле дека нилскиот коњ починал на лице место, додека лицето во возилото добило помош од случаен минувач, откако се судрил со големото животно, на патот меѓу Меделин и Богота, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Официјалните лица наведуваат дека „ваквите ситуации укажуваат дека присуството на нилски коњи во регионот претставува проблем за општеството и животната средина, што бара меѓуинституционална соработка за да се бараат сеопфатни и навремени решенија“.

Ескобар ги донесе нилските коњи во Колумбија кон крајот на 1980-тите, но по неговата смрт во 1993 година, животните беа оставени слободно да шетаат во жешкиот, мочурлив регион Антиокија, каде што властите за заштита на животната средина беа немоќни да го контролираат нивното размножување.

Неодамна колумбиските власти одлучија да отстранат 70 нилски коњи кои му припаѓале на наркобосот Пабло Ескобар, што оваа јужноамериканска земја ќе ја чини околу 3,5 милиони долари.

 

faktor.mk