18.000 крави загинаа во експлозија на фарма во Тексас

0
135

Приближно 18.000 крави загинаа во експлозија на фарма за млеко во Тексас во близина на градот Димит претходно оваа недела. Во експлозијата е повредено и едно лице, кое моментално е во критична состојба. Властите веруваат дека машините во централата можеби го запалиле метанот.

 

Канцеларијата на шерифот на округот Кастро соопшти дека добиле пријава за пожар на фарма во понеделникот во 19:21 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот објави фотографии на кои се гледа огромен облак црн чад над фармата. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата и итната помош затекнале затрупано лице, кое го спасиле и го пренеле во болница.

Иако точниот број на убиени крави во пожарот и чадот останува непознат, од канцеларијата на шерифот за Би-Би-Си изјавиле дека „се проценува дека се изгубени околу 18.000 грла говеда“. Шерифот Сал Ривера изјави за локалните медиуми KFDA дека повеќето од добитокот угинале кога пожарот се проширил на областа каде што биле чувани кравите пред да бидат однесени во областа за молзење, а потоа во шталата.

 

index.hr