Тешка сообраќајка на патот кон Козјак, повредени четири лица

0
171

Вчера попладнето на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од М.М.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, додаваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.