Повеќето луѓе имаат спреј WD-40, но не знаат што значи неговата кратенка

0
314

Спрејот WD-40 првпат се појави во 1953 година, а се користеше за заштита на надворешната обвивка на американскиот проектил Атлас од рѓосување. Го направил хемичарот Норм Ларсен, во мала лабораторија во Калифорнија. Целосно стапи во употреба во 1958 година, а сега е достапен во 187 земји низ светот.

Но, дури неодамна луѓето почнаа да размислуваат за тоа што всушност значи оваа кратенка. Тоа се случи откако американскиот новинар Дејвид Муир ги праша своите следбеници: „Што значи WD-40?

Ознаката WD-40 е кратенка за „Water Displacement“, односно отстранувач на вода, а бројот 40 покажува дека биле потребни толку многу обиди за да се добие вистинската формула, пишува Daily Star.

– World Domination 40 е како што всушност треба да се вика спрејот – беше еден од одговорите.

 

 

 

24sata.hr