Министерот за индустрија и технологија на Туркије, Мустафа Варанк, соопшти дека првиот сигнал од сателитот ИМЕЏЕ е примен, јавува Анадолу.
Варанк на својот профил на социјалните мрежи наведе дека сателитот ИМЕЏЕ се сместил во својата орбита.
Туркије денес успешно го лансира во вселената првиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција, наречен ИМЕЏЕ.
Првиот сателит од турско производство е лансиран утрово од вселенската база Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија во 8:48 часот по средноевропско време.
Со ова лансирање Туркије првпат ќе има електрооптичка сателитска камера со висока резолуција во орбитата.
Орбитата на ИМЕЏЕ ќе се совпадне со Сонцето на височина од 680 километри и ќе служи во областа на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, како и во земјоделството и шумарството.
Во текот на петгодишната мисија сателитот ИМЕЏЕ ќе снима слики од целиот свет.
ИМЕЏЕ, првиот турски национален сателит со висока резолуција, е дизајниран и развиен од Институтот за истражување на вселенска технологија ТУБИТАК.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.