Маж на 40 годишна воздраст пронајден мртов во својот дом

0
289

Маж на возраст од 40 години од село Тимјаник, Неготино, вчера бил пронајден починат во семејната куќа.

Од СВР Велес информираат дека случајот бил пријавен во Полициска станица Неготино, вчера во 17 часот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

извор: МВР