Лице од Тетово со месеци ја тепал и држел затворена 19 годишна девојка

0
155

21-годишен жител на Тетово со месеци ја малтретирал и ја држел во соба 19-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Девојката од декември наваму била заклучена во една соба и насилникот секојдневно физички ја малтретирал, поради што имала и бројни повреди.

– Кога осомничениот во еден момент заборавил да ја заклучи вратата, девојката искористила прилика да побегне и да го пријави случајот во полиција, информираат од Обвинителството.

За овој случај Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка, а судија од Основниот суд во Тетово го прифати и предлогот на насилникот да му биде одреден осумдневен притвор.

 

skopskoeho.mk