Повеќе семејства од Македонци кои имаат статус на бегалци од Албанија и се социјално загрозени со статус на социјални случаи им е исклучена струјата и водата во објектот каде се сместени минативе триесетина години, на територијата на општина Ресен. Тие во Македонија дошле веднаш од како се отворила границата со Албанија, по падот на режимот на Енвер Хоџа негајќи од сиромаштијата и лошата економска состојба која тогаш била во Албанија.
Објектот во кој живеат ( а кој и онака е во лоша состојба ) е кај селото Стење кај местото викано Царина.
Во диписот кој дојде до нашиот медиум стои:
“Бегалци кои се социјални случаи и живеат повеќе од 30 години во населеното место Царина (Стење) општина Ресен за кои државата води грижа за нив преку фирмата СИЗО БИТОЛА останаа без електрична енергија од 22.03.2023 и никој не води грижа за нив….се обратија во сите надлежни институции но од никој не добија одговор. Како овие 10 фамилии и нивните деца ке продолжат да живеат без електрична енергија во 21 век. Каде да се обратат овие фамилии кои не се во можност да го решат станвеното прашање?’
Се обидовме да провериме зошто е исклучена струјата и водата но одговор од „А.Д. за управување со станбен и деловен простор од интерес за Република Македонија’ не успавм да добиеме, и останува надлежните институции ќе треба да одговорат за ова со првиот нареден работен ден, кој е дури во понеделник.
извор: NEWS1.MK