По земјотресот во Турција: Зеугма, еден од најголемите музеи за мозаици во светот, отворен за посетители

Зеугма, еден од најголемите музеи за мозаици во светот, во турскиот град Газиентеп, што беше затворен по земјотресот во Кахраманмараш, повторно е отворен за посетителите, јавува Анадолу.

Музејот е еден од најголемите музеи за мозаици во светот, во него се наоѓаат голем број уникатни дела, и тој не беше оштетен во земјотресите што на почетокот на февруари ја погодија јужна Туркије.

Во музејот, кој се простира на околу 30.000 метри квадратни, посетителите имаат можност да видат голем број фасцинантни антички мозаици, меѓу кои се издвојуваат „Посејдон“, „Циганка“ и „Дионис“. Најпознат меѓу нив стана мозаикот „Циганка“.

Карактеристика на овој мозаик е тоа што очите на девојката го „следат“ набљудувачот од која било точка да гледа благодарение на специјалната техника на неговата изработка, што ги направи очите на девојката на мозаикот многу реалистични.

Освен тоа, во музејот може да се видат статуи на римски божества, фонтани од римскиот период откриени во вили на брегот на Еуфрат, кои всушност го сочинуваат овој уникатен музеј. Воедно, нуди можност за дополнително запознавање со античките култури кои оставиле свој белег низ историјата.

Директорот на музејот во Газиантеп, Озѓур Чомак, изјави дека во музејот се преземени сите неопходни безбедносни мерки.

„Како музеј, имаме многу добар почеток во 2023 година. Туристичката сезона започна одлично. Во јануари 2022 година, 11.000 луѓе го посетија нашиот музеј. Во јануари оваа година, бевме домаќини на 27.000 луѓе. Повеќе од двојно“, рече Чомак.

Гизем Јалман, која од Елазиг дојде во регионот на одмор, рече дека посетата ја започнале во музејот Зеугма.

„Многу сме среќни што музејот е отворен. Се надевам дека ова место секогаш ќе биде отворено“, додаде Јалман.

Зеугма, антички град со истото име лоциран покрај реката Еуфрат, зазема важно место во античкиот период. Ископувањата во областа започнаа во 1980-тите, а античките мозаици, кои во тој период се користеа за украсување на градските патишта, вили и дворови, претставуваат исклучително вредно културно наследство.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.