Тешка сообраќајна незгода во која учествуваа возило на Итната медицинска помош и едно цивилно, патничко возило се случи вечерва на раскрсницата помеѓу булеварите „Водњанска“ и „Св. Кирил Методиј“ во неспоредна на зградата на „Нова Македонија“.
Превртено болничко возило со вклучени ротациони светла за предност во сообраќајот е дел од ужасната глетка која вечерва ги вознемири скопјани. Насобраните граѓани, видно вознемирени ги набљудуваа возилата на булеварот, додека полицијата го обезбедуваше овој дел од Скопје. Сообраќајот во овој дел од градот, привремено е во прекин.
Очевидци за Скопје Инфо раскажуваат дека звукот на Итната медицинска помош бил прекинат од ударот на двете возила и силниот тресок кој настанал како последица на несреќата. Потоа интервенирала скопската итна помош.
Неофицијално, станува збор за возило кое превезувало пациент од Куманово и кое имало предност во сообраќајот. Од силниот и директен удар, возилото се превртело три пати.
Засега нема информации за повредените во несреќата, a повеќе детали од полицијата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
&
View this post on Instagram
skopjeinfo.mk