По синоќешната сообраќајна несреќа кумановската болница остана без единственото функционално амбулантно возило

0
119

По синоќешната сообраќајна несреќа кумановската болница остана без единственото функционално возило за транспорт на итни пациенти. Другите две се на сервис, а од понеделник се очекува да заврши постапката за набавка на уште едно од сопствени средства за кое веќе бил потпишан договор. Директорката Снежана Захариева вели дека очекуваат во текот на денот да им биде вратено едното возило од сервисирање. Во меѓувреме побарале помош од комбе и возач од Здравствениот дом, објави Сител.

– Побаравме помош, а во меѓувреме очекуваме да ни биде вратено едното возило кое беше на сервис, изјави д-р Снежана Захариева, директор на ЈЗУ општа болница Куманово.

Според МВР четири лица се повредени во сударот на “Фолксфаген туран” со скопски регистарски ознаки и амбулантно возило на кумановската болница пред полноќ на крстосницата кај Нова Македонија.

 

Текстот во целост на: Сител.