Во Азербејџан запленети половина тон хероин во камион што од Иран тргнал кон Холандија

0
203

Безбедносните сили запленија 499,2 килограми хероин за време на претрес на камион на границата меѓу Иран и Автономната Република Нахчиван, која е во склоп на Азербејџан, известува Анадолу.

Во соопштението на Царинскиот одбор на Азербејџан се наведува дека на Граничниот премин „Џулфа“ е извршен преглед на камион, кој од Иран тргнал кон Холандија, минувајќи низ Азербејџан.

Откако рендгенската контрола покажала сомнителни предмети, во претрагата со помош на кучиња трагачи во камионот се пронајдени 499,2 килограми хероин.

извор:Анадолу.

фото: илустрација Анадолу.