Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд

0
195

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во групата острови Кермадец во југозападниот Тихи Океан во близина на Нов Зеланд, јави Ројтерс, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт. Магнитудата на земјотресот првично беше проценета на 7,3 степени.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Американскиот систем за рано предупредување првично објави дека постои опасност од цунами, но подоцна Пацифичкиот центар објави дека опасноста поминала.