Колку милиони евра профит направи Комерцијална за само 100 дена ? !

0
209

„Комерцијална банка“ ја потврди својата лидерска позиција на банкарскиот пазар. За првите сто дена најголемата банка според активата направи добивка која е најголема во корпоративната историја на македонското банкарство, објави faktor.mk.

Тимот предводен од долгогодишниот успешен банкар Хари Костов за првите 100 дена година на своите акционери им носи профит од 16,9 милиони евра! Ова е досега најголема добивка за квартал во историјата на македонското корпоративно банкарство. Просечно дневно најголемата банка според активата правела профит од 169.000 евра.

Дополнително, во споредба со истиот период лани профитот на „Комерцијална банка“ е удвоен. Добивката што најголемата банка, според активната, ја објваи денеска сигурно ќе охрабри и други инвеститори дека акцијата на ова голема македонска банка е една од бест-бај акции на нашиот пазар.

Од најголемата приходна ставка, нето приходите од камати, банката генерира 18,8 милиони евра. Тоа е за 10 милиони евра односно 83 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Раст има и кај нето приходите од провизии и надоместоци. Од овие услуги банката за три месеци наплати 4,4 милиони евра. Тоа е за околу 180.000 евра подобар резултат од истиот период лани.

Нето приходите од курсни разлики се на ниво од над 1,5 милиони евра и се за 68 отсто поглеми од лани. Единствено намалување има кај останатите приходи од дејноста кои се за 2 милиони ева пониски од претходната година.

Текстот во целост на: faktor.mk.